Тројца ракометари на РК Алкалоид дел од машката ракометната репрезентација на Македонија
Македонската машка репрезентација попладнево ќе го одигра својот прв натпревар на 15. Европско првенство. Во првото коло, во рамките на групата А, со почеток од 18:00 часот во Дебрецен, Унгарија, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Словенија.
Tројца ракометари на РК Алкалоид – Мартин Серафимов, Кристијан Симоноски и Игор Ѓоргиев – ги минаа сите филтри на селектирање и се дел од националниот состав. Нашите ракометари, по одличната полусезона во домашното првенство и по покажаните индивидуални квалитети, добија повик да бидат дел од репрезентацијата.
Како дел од стручниот штаб на репрезентацијата се и тренерите од РК Алкалоид Бранислав Ангеловски, Билјана Црвенкоска и Петар Баснарков.
Им посакуваме многу среќа и успех на македонските репрезентативци!
Ново на Сител
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка