Николоски: Заев три ипол години лаже за датум за ЕУ додека го корумпира општеството
Европските ставови се како ние ќе си ја завршиме домашната задача. Од една страна има поддршка Македонија да почне преговори со ЕУ, но исто така мора да сме фер и да ги слушаме до крај и читаме, дека постои сериозна загриженост во однос на владеење на право, степенот на корупција, реформите во јавна администрација и економската состојба. Всушност она за што главоболки имаат сите обични граѓани на Македонија“, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Николоски истакна дека нема средба со европски политичари каде не прашуваат за мислење за овие прашања.
„Јас останувам на тоа што сум го кажал, дека почетокот на преговори со ЕУ, зависи од Македонија, не зависи од Европската Унија и Бугарија. Да беа во Македонија средени работите, да беше Македонија во 30 или 40 место по перцепција за корупција како што ветуваше Заев кога стануваше премиер, а не 111 место, да немаше мешање во судство и обвинителство, да беше подобра економијата, а не каква што е сега, тогаш Македонија ќе имаше одамна почнато преговори. Но бидејќи не е така, би бил директен а тоа е дека на многумина им одговара ова што Бугарија го прави со цел тие да не бидат криви“, потенцира Николоски.
Во однос на датумот кој го добива оваа влада и Заев тој рече дека веќе е несериозно пред граѓаните затоа што Заев лаже дека добива датум од јуни 2018, сега сме декември 2021.
„Три ипол живот на граѓаните помина, тој лаже дека добива датум за преговори. Додека лажат за датум нивни луѓе од владата во нетранспарентен процес добиваат дозвола да градат фотоволтаици или друг тип на централи, а гледаме тоа се фирми на контроверзни бугарски бизнисмени. Додека со едната рака зборуваат за ЕУ, од друга страна ја уништуваат таа можност затоа што се корумпираат, себе тие околу нив и општеството“, рече Николоски.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Работиме да нема зголемување на цената на струјата, во некои сегменти може да има намалување
-
Бразилскиот претседател Лула е подготвен да посредува меѓу Русија и Украина, нема да испраќа тенковска муниција во Киев
-
Продолжува потрагата по пилотот на грчкиот воен авион што се урна вчера
-
Морето исфрли угинат кит на брегот кај Њујорк
-
Дончиќ го израмни рекордот на Леброн Џејмс
-
Фарах годинава ќе се се пензионира
-
Левица: Најпосле, Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати
-
Северна Македонија на 85 место според индексот на корупција на ТИ