Словенија: Вкупно 111 мигранти уапсени за време на викендот
Вкупно 111 странци, кои нелегално ја преминале словенечко-хрватската граница изминатиот викенд, биле уапсени, покажуваат полициските извештаи на Новo Местo, Целје и Копер.
Словенечката полиција веќе предала 30 лица во Хрватска, додека 12 побарале азил во Словенија.
Полицијата во Ново Место од петокот уапсила 67 странци, од кои 25 од Мароко, 20 од Алжир, 11 од Бангладеш, четири од Турција, тројца од Либија и по еден од Палестинските територии, Куба, Нигерија и Иран. Сите тие допрва треба да бидат сослушани од страна на полицијата.
Во Ново место, вчера бил уапсен 37-годишен државјанин на Велика Британија, кој незаконски превезувал четворица Египќани во неговиот автомобил со словенечки регистарски таблички. Египетските државјани и се предадени на Хрватска.
Полицијата во Копер регистрирала 37 нелегални мигранти од петок до денеска наутро.
Странците доаѓаат од Турција. Од нив 19 се од Сирија, четворица од Ирак, двајца од Косово и од Бангладеш и по еден од Иран, Индија, Албанија и Либија.
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор