Николоски: Идниот градоначалник на Гази Баба ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ
Во рамки на редовните теренски активности на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имавме средба со Општинскиот комитет во Гази Баба и посета на Општина Гази Баба. Плодна дискусија во којашто разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија како и за периодот кој следува.
Она што можам да кажам е дека во Гази Баба имаме исклучително добро опозиционо расположение, про ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме убедлива победа на претстојните локални избори и градоначалникот да биде повторно од ВМРО-ДПМНЕ, а знаете дека мнозинството во Советот и во овој состав е предводено од ВМРО-ДПМНЕ.
После локалните избори очекуваме победа за градоначалник и Општина Гази Баба да ја води градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја реализира програмата која заедно со граѓаните веќе ја спремаме и треба да даде одговори на клучните прашања за живеењето во Гази Баба и да стави крај и стоп на криминалните политики кои ги води актуелниот градоначалник пред се во делот на урбанизацијата, а исто така и во делот на заштита на животна средина. Затоа што во моментов има неколку иницијативи за изградба на загадувачка индустрија, тука во непосредна близина во кругот на Железара, до населбите Автокоманда и Железара, од другата страна Маџари каде што сакаат загадувачка индустрија која ќе го загрози животот на граѓаните.
Ние сме против тоа, ќе го спречиме тоа, а идниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја развива општината во правилна насока.
Разговаравме за проектите кои се потребни за периодот кој доаѓа и на ниво на општина и на ниво на Град Скопје и очекуваме победа и за градоначалник на Град Скопје.
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут
-
Украина загрижена поради наводите дека Северна Кореја и со војници ќе ја поддржи Русија
-
АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска, убиени 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во зоолошката
-
Силен земјотрес ја погоди Грција
-
Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово
-
Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
-
За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка