Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово
Со 900 000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари за несебичната пожртвуваност и вложувањето во борбата со големата огнена стихија, пожарот во Мариово кој беснееше околу две недели во првата половина на септември годинава.
-На последната седница советниците ја изгласаа одлуката за обезбедување 900 000 денари од општинскиот буџет како награда за пожарникарите за нивните труд и пожртвуваност кога Прилеп се соочи со големиот пожар во Мариово, најголемата огнена стихија во историјата на градот и која опфати најголема територија од сите пожари во државава, изјави Ирена Стерјоска Локвенец, претседателка на општинскиот совет на Прилеп.
Пожарот во Мариово беснееше во периодот од 1 до 10 септември. Во гаснењето беа вклучени пожарникарите од приелпската противпожарна еденица, нивни колеги од другите градови, припадници на МВР и на АРМ и на Дирекцијата за спасување.
Противпожарната единица во Прилеп, надлежан за Регионот и за општина Долнени брои 44 пожарникари од кои 34 се вработени на неопределено, а 10 се на определено работно време. Според бројот на жители, во единицата треба да има 65 пожарникари и во наредниот период да се обнови целата опрема за ефикасно дејствување.
Ново на Сител
-
Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
-
За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка
-
Хрватска ја качува минималната плата на 750 евра
-
Откриени два случаи на криумчарење мигранти
-
Серија апсења на повеќе локации во Македонија - Приведени 11 лица
-
Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид - Повредена 43 годишна жена