Николчо Јовчев нов претседател на советот на општина Пехчево
На конститутивната седница на Советот на општина Пехчево што се одржа денеска, со мнозинство гласови за претседател на Советот на општина Пехчево е избран Николчо Јовчев, носител на советничката листа од СДСМ и коалицијата.
- Во наредниот четиригодишен мандат, ние советниците, заедно со градоначалникот на општина Пехчево, ќе ги реализираме сите проекти што ги ветивме за време на изборите. Сигурен сум дека со новиот градоначалник Драган Тренчовски, ќе имам одлична соработка, и заедно со советниците ќе ги гласаме едногласно одлуките кои ќе бидат за доброто на граѓаните, истакна Јовчев.
Свечената седница ја започна поранешниот претседател на Советот, Стојче Стефановски, кој им честиташе на избраните советници, а честитка за изборот упати и до новиот градоначалник Драган Тренчовски.
Со конститутивна седница претседаваше најстариот советник, Борис Зарински, при што се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Пехчево, по што новите членови на Советот дадоа свечена изјава.
На седницата присуствуваше и градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, кој најави сорабока со Советот во интерес на граѓаните.
- Очекувам, како градоначалник уште од самиот старт да воспоставам добра соработка со претседателот на Советот и со сите советници, затоа што таквата соработка е повеќе од неопходна за доброто на општината и сите нејзини граѓани. Искрено се надевам дека на тој начин ќе овозможиме брз напредок на општината на сите можни полиња. Граѓаните тоа го очекуваат од нас и ние сме должни да ги исполниме тие нивни очекувања, рече градоначалникот Тренчовски.
Во регионот деновиве треба да се конституира и Советот во општина Берово, каде повторно мнозинството го има СДСМ и коалицијата.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија