Никој не е пријавен од Водовод за статусот на фејсбук дека денеска ќе нема вода цело Скопје
ЈП „Водовод и канализација“ не пријавило никој за ФБ статусот на нивната официјална страна во кој пишуваше дека денеска од 17 часот цело Скопје ќе нема вода.
„Ве известуваме дека во СВР Скопје нема пријава за настанот за кој прашувате“, велат од МВР за Сител.
Вчера од јавното претпријатие пред полноќ пратија соопштение во кое велат:
„За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје“.
Зошто никој не е пријавен, засега не се знае.
На телефонските повици и пораките директорот Виктор Панчевски не одговара.
Ново на Сител
-
Акција на МВР во Арачиново
-
СДСМ: Тошковски го пушти Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го осудат Груби
-
Кардиоваскуларни прегледи преку „Мој термин“ во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со Цаци Паковска - Стилисимо
-
30 години Сител со Ивце Пивце - Ај ти замижи
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?