Нигерискиот претседател Бухари се обрати кон нацијата по подолгото отсуство од земјата заради болест
Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари денеска го имаше своето прво обраќање до нацијата по неколкумесечното отсуство од земјата, пренесоа американските медиуми.
Светските агенции потсетуваат дека повеќе од три месеца Бухару беше на лекување во Лондон.
Во телевизиското обраќање тој изјави дека им е благодарен на Нигеријците за нивните молитви, како и дека повторно се радува што е „на родната земја, меѓу своите браќа и сестри“.
Нигерискиот претседател во саботата се врати во земјата по долго отсуство, за кое време се слушаа повици некој друг да го заземе неговото место, како и раководството на армијата да им соопшти на своите припадници да ја задржат лојалноста кон шефот на државата.
Властите не открија од што точно боледува Бухари.
Претходно годинава нигерискиот претседател повторно беше на лекување во Лондон и тогаш уверуваше дека во текот на неговиот живот тој никогаш не бил на боледување.
Бухари денеска уште кажа дека сепаратистите во Нигеријас освоите изјави ја минале црвената линија и дека единството на земјата не е предмет на преговори, пренесоа британските медиуми.
Во последните неколку месеци во Нигерија се појави тензија врз етничка основа во контекст на повиците за формирање на нова држава во југоисточните делови од земјата со име Бијафра и за независност на јужниот дел на делтата на реката Нигер.
Радикалната група Боко харам, пак, сака да создаде исламска држава на североисток од земјата.
Ново на Сител
-
Левица поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути
-
Зајкова поднесе закон за укинување и намалување на дел од банкарските провизии
-
Да се формира посебно тело во облик на туристичка или комунална полиција
-
Со 2 милиони евра од унгарскиот кредит, Штип ќе гради обиколница
-
Криумчарењето во благ пораст, илегалните мигранти намалени за 50% во однос на лани
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар