-->
-->
НФЛ: Ново финале за „патриотите“
-->
Екипата на Њу Ингланд Петриотс обезбеди ново учество во Супербоул финалето благодарение на одличната игра на Том Брејди.
Петриотс, во финалето во АФЦ конференцијата, по едно продолжение ги победија Канзас сити Чифс со 37:31 (31:31).
Квотербекот на Петриотс, Брејд, продолжи да соборува рекорди бидејќи деветти пат избори финале во кариерата, додека Њу Ингланд 11. пат во клупската историја ќе се борат за титулата.
Брејди мечот го заврши со 348 префрлени јарди, еден тачдаун и два интерсепшн.
Во финалето Петриотс ќе играат против Лос Анџелес Ремс кои во контроверзна завршница успеаја да ги совладаат Њу Орлеанс Сјнтс со 26:23.
Најголемиот натпревар во американскиот фудбале, Супербоул, ќе биде одигран на 3. февруари во Атланта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот