Незири му го честиташе роденденот на Ахмети
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети веројатно го има најпрославуваниот роденден во државата. Повторно честитки на негова адреса вчера пристигнаа дури и од приведениот Незири кој преку социјалната мрежа Фејбук му го честиташе 65-иот роденден на Ахмети. Утринава на социјалните мрежи во дел од медиумите се појави фотографијата од синоќешната прослава која се случувала во екот на скандалите во М-НАВ, а на фотографијата може да се забележи братот на Ахмети, Фекри Ахмети, инаку татко на Дрин Ахмети, косопственикот на „Соравија“ кој пред само неколку дена беше фатен со полн багажник пиротехника и против него беше поднесена пријава.
Според фотографијата Ахмети и неговиот брат заедно со уште две лица со роденденски капи седат опуштено во домашна атмосфера одбележувајќи го роденденот кој вчера го привлече вниманието на јавноста по објавата на една постара видео снимка од страна на вицепремиерот Артан Груби од неговиот кабинет во кој нешто се слави, меѓутоа ова доаѓа по многубројните реакции од експертската јавност и Антикорупциската комисија дека службените простории многу често во случајот на Груби се злоупотребуваат за партиски и приватни цели што е случај и со оваа снимка која беше објавена вчера.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари