Незири: И Министерството и компаниите да бидат поактивни за искористување на КОСМЕ Програмата
Компаниите да бидат поактивни, да иницираат што повеќе идеи и бизниси за поголемо искористување на средствата од КОСМЕ Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија, апелира министерот за економија Беким Незири.
Неизири, кој ја отвори денешната работилница за КОСМЕ, нагласи дека за повлекување пари од овие европски фондови, неопходно е поинтензивно ангажирање и од страна на Министерството.
КОСМЕ Програмата за конкурентност на мали и средни претпријатија во периодот 2014 - 2020 овозможува користење на 2,3 милијарди евра, но засега, од изминатата година до денес, е реализиран само еден проект вреден 380.000 евра.
- Оваа многу мала сума, може да биде далеку поголема, но потребни се воља и решителност најпрво од страна на Министерството за економија. Тоа треба да ги турне работите, да им објасни на компаниите подобро, да ги информира и мотивира да аплицираат и да ги искористат овие фондови, потенцира Незири.
Според раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ Мартин Клауке, се уште најголем проблем на малите и средните претпријатија е пристапот до капитал што е основа за креирање и одржување каков било бизнис. Затоа, порача Клауке, компаниите треба да се заложат за искористување на европските средства кои им се нудат.
- Малите и средните претпријатија (МСП), особено локалните фирми, се соочуваат со тешкотии во добивањето финансии. Последното истражување на Европската централна банка покажа дека на ниво на ЕУ пристапот до финансии е една од главните пречки за развој на МСП. Банкарскиот секор е добро капитализиран и се покажа како одржлив. Кредитите во последните години се зголемија, но нивната достапност и натаму останува проблем зашто банките при одобврувањето како гаранција најчесто бараат хипотеки или некој друг тип голем залог, посочи Клауке.
На работилницата беше соопштено дека до 2020 година, освен парите од КОСМЕ Програмата, на македонските компании ќе им бидат допстапни и други средства, а Министерството за економија ќе продолжи со информирање на целните групи.
Ново на Сител
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем