Македонија
29. March 2019 - 16:12

Независните пратеници имаат забелешки на законот за обвинителство

Премиерот Зоран очекува викендов да се случи првиот значителен исчекор во преговорите со вмро-дпмне за законот за јавно обвинителство и статусот на Специјалното јавно обвинителство иако синоќа пропадна и третата рунда на разговори.

„Овој закон треба да биде донесен со консензус имајки пред вид дека така беше донесен и претходниот закон за СЈО. Се работи за сензитивни прашања и дијалогот мора да продолжи. Ние имаме забелешки за предлогот на Владата и тоа го соопштивме на синоќешната средба. Како пратеничка група ќе се состанеме во понеделник или вторник да дефинираме заеднички став“, коментираат од независната група.

Додека Заев е отпимист, министерката за правда Рената Дескоска и ВМРО-ДПМНЕ се уште се на различна страна.

Од друга страна, пак, иако законот се уште нема собранискиот спикер Талат Џафери и министерката Дескоска влегоа во дебата за тоа дали парламентот треба да работи за време на претседателската кампања за тој да биде донесен. Џафери на Фејсбук напиша:

Собранието на Република Северна Македонија, работи согласно Деловник а не врз основа на диктат а уште помалку не според одредени индивидуални претензии, било да се тие на некој министер, кој и да е тој!

Забелешки на зкаонот за обивнителство во сосема спротивна насока од ВМРО-ДПМНЕ вечра даде албанската опозиција која бара неограничен мандат за обвинителствот на Јанева.