Македонија
1. јуни 2017 - 13:31

Незапаметен случај на царина - Македонец пријавил дека вози зеленчук, а потоа нервозата го издала

Цариниците на пунктот Мердара спречиле криумчарење на 38,5 килограми марихуана од Косово во централна Србија.

Дрогата е запленета синоќа од комбе со словенечки регистерски таблички, кое доаѓало од Косово.

43- годишниот возач македонски државјанин од албанска националност им рекол на цариниците дека патува за Словенија и дека има само гајба домати, неколку ќеси пиперки и малку гардероба во комбето и дека нема што да пријави.

Нервозата која возачот цело време ја покажувал ги натерала цариниците детално да го прегледаат комбето.

Цариниците од кровот и подот на возилото извадиле 64 пакети марихуана тешки 35 килограми, а потоа дрогата ја предале на полицијата.