Невреме во Кавадарци | ФОТО
Невреме го зафати попладнево градот Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри и се чистат сливниците.
- По силното невреме проследено со силен ветер што ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН и ТППЕ Кавадарци. Се работи на расчистување на улиците од дрвја, паднати канделабри, се чистат сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици, информираше Јанчев.
Тој нагласи дека се очекува до вечер сите улици да бидат проодни и функционални.
- Исто така ги известуваме граѓаните дека за било каков проблем, можат да се јават во Кол-центарот на општината на бројот 13-300, соопшти Јанчев.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација