Loading Video...
Кошарка
26. January 2022 - 11:23

Неверојатна пресврт победа на Клиперси на гостувањето кај Вашингтон

Најинтересниот натпревар во НБА лигата ноќеска го одиграа Вашингтон и ЛА Клиперс. 
 
Иако домаќините во еден миг имаа и 35 поени предност, а во завршните 36 секунди и водство од 8 поени (105-113) сепак на крајот се радуваа гостите од ЛА. 
 
Јунакот на „киперси“ беше Лук Кенадр на една секунда до крај постигна тројка под фаул, а со успешно реализираното дополнително слободно фрлање и донесе победа на својата екипа со конечни 116-115. 
 
Кенард средбата ја заврши со 25, додека Кофеј постигна 29 за победничката екипа. 
 
Втор пораз во низа претрпе Бруклин кој е трето рангиран на истокот. „Нетси“ на домашен терен загубија од ЛА Лејкерс со 106-96. Џејмс Харден кај домаќините оствари трипл-дабл со 33 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а 33 поени за Лејкерси реализира Леброн Џејс. 
 
Неколку натпревари завршија и со голема разлика. 
 
Бостон го „деморира“ Сакраменто со 53 поени разлика 128-75, Голден Стејт славеше против Далас со 38 (130-92), а Сан Антонио беше подобар од Хустон со 30 поени разлика (134-104).