Нетанјаху: Израел е подготвен за голема воена операција во Појасот Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа предупреди дека Израел е подготвен за воена операција „од големи размери“ во Појасот Газа.
Хамас и Израел неделава се судрија во Појасот Газа што го зголеми стравот од нова војна. Во Газа досега војуваа трипати откако исламистичкото движење во 2007 година ја презеде власта во енклавата.
Нетанјаху најави голема операција во Појасот Газа во време кога Палестинците се подготвуваат за голем протест в сабота долж границата со Израел.
Жителите на Газа се повикуваат в сабота на голем протест, со што ќе се одбележи првата годишнина од движењето што придонесе за пораст на тензиите.
Од 30 март жителите на Појасот Газа секој петок демонстрираат под слоганот Марш за враќање. Протестите се организирани против израелската блокада и со барање за враќање на палестинските бегалци кои се протерани или побегнале по формирањето на Израел во 1948 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ