-->
-->
Несторовска се сретна со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти
-->
- Државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска денеска се сретна со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти. Роберт Црепинко.
МВР соопшти дека по средбата тие ја посетиле новофомираната Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе на Република Македонија и Секторот за меѓународна полициска соработка. Црепинко ја поздравил одлуката за формирање Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и изразил подготвеност за натамошна соработка.
Исто така било дискутирано за трговијата со луѓе и илегална миграција во Република Македонија од аспект на поддршка и вклучување на Европол, согласно можностите кои ги има на располагање, како и организирање прилагодени обуки, со цел изработка на аналитички продукти слични на оние кои ги изработува Европол EMSC и дискутирање на идни можности за соработка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик