Македонија
24. јуни 2022 - 11:36

Несекојдневна сообраќајка: Се судрија тротинет и велосипед

Вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу тротинет управуван од Г.Ј.(46) од Скопје и велосипедист Н.Б.(20) од Скопје.

- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј.,  констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.