„Седев и трамвајот нагло закочи, помислив дека нешто се расипало, но тогаш возачот рече дека ќе мора да се стрпиме додека да дојде полицијата зошто некој застанал пред трамвајот. Морав тоа да го видам со свои очи, па излегов надвор и видов момче со спуштени панталони како стои пред трамвајот. Му дофрлив дека навистина сакам да одам на работа, и му реков барем да помине на другата страна од улицата, но се сврте, се насмеа и рече: Вие би сакале на работа?“ и продолжи така да стои и да гестикулира кон возачот“, раскажа за порталот Индекс загрепчанката Бригита Ковачев, сведок на настанот. Таа смета дека момчето било под влијание на опијати.
Целиот настан траел 20-тина минути, се до доаѓањето на полицијата. Кога ја видел полицијата, егзибиционистот ги соблекол и гаќите, а што понатаму се случило со него, останува непознато.