Нема точење пиво на средбите од Бундеслигата
Германските бундеслигаши и Германската фудбалска лига (ДФЛ) поставија сет правила за враќање на навивачите на трибините во новата сезона во септември, но со одредени стриктни правила, како забрана на гостински навивачи, забрана на стоење на трибините и забрана за точење пиво на стадионите.
Конечната одлука за враќање на навивачите ќе ја имаат здравствените власти во Германија откако Бундеслигата беше првата лига што се врати по пандемијата на Ковид-19, без навивачи на трибините.
Пиењето пиво на трибините во Германија е долгогодишна традиција, но ДФЛ смета дека до 31 октомври треба да се забрани точењето пиво поради коронавирусот. Гостинските фанови ќе бидат отсутни од трибините барем до крајот на 2020, а трибините за стоење ќе бидат празни за да може да се почитува социјалното дистанцирање.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран