Бизнис
29. јуни 2019 - 16:23

Нема соодветен кадар за угостителскиот сектор во Охрид

Охрид и оваа туристичка сезона се соочува со недостаток на квалитетен кадар во угостителството. Иако во Центарот за вработување моментално има 80 невработени готвачи кои завршиле гастрономија меѓутоа ниту еден од нив не работел на таа струка.

Добрите познавачи сметаат дека формалното образование создава кадри кои се премногу теоретски подготвени што значи недостасува практично искуство,според нив потребно е да се воведат 6 месечни курсеви преку кои ќе се усовршуваат кадрите .

Главниот проблем кој се провлекува години наназад се ниските плати но и недоволното инвестирање на работодавците во своите кадри .Угостителите недостигот на кадар го надополнуваат со сезонски работници особено во летнит период.

Туризмот е најбрзорастечка стопанска гранка која има суштинска улога во економскиот развој. Според експертите, токму неформалното образование е многу важно за подобрување на квалитетот на кадрите во угостителската индустрија.