Нема реконструкција на Владата, парламентарни избори во 2024, вели Ковачевски
– Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно дециден дека предремени парламентарни избори ќе нема.
-Владата функционира во еден полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет веќе со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ, запрашан дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори кажа дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година.
– Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери, рече Ковачевски.
Премиерот е убеден во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.
Ново на Сител
-
Советот на ЕУ ја утврди листата на кандидати за членови на Европската комисија
-
Благотворноста на свежото сирење
-
Одредени четвртфиналните пресметки во Дејвис купот
-
Македонската репрезентација 72-ра на септемвриската ранг-листа на ФИФА
-
„Делта ерлајнс“ ги прекинува летовите САД-Израел до крајот на 2024 година поради ескалација на тензиите
-
Започнува судењето во Кривичен за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски
-
Вучиќ за Политико: Брисел знае која страна го блокира дијалогот, но тоа нема јавно да го каже
-
Израел изврши серија напади врз Либан