Вучиќ за Политико: Брисел знае која страна го блокира дијалогот, но тоа нема јавно да го каже
Иако во Брисел знаат која страна го попречува напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, тоа никој нема јавно да го каже
Европската унија и Американците се согласуваат со нас за ова, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за бриселскиот портал Политико.
Во текстот се наведува дека Вучиќ неодамна повикал на повторно одржување избори во четири општини на северот во Косово со мнозинско српско население.
Претседателот на Србија посочи дека нема никаков интерес да „го разгори огнот“. „Не сакам да учествувам во кампања против Курти ниту против кого било“, тврди Вучиќ.
Политико потсетува дека претходно оваа недела требаше да се одржи трилатерален состанок на главните преговарачки тимови на Белград и Приштина со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, но дека не се одржа, како и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одржа работен ручек со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој беа присутни и Вучиќ и Курти, но на кој двајцата не разговараа.
Белград инсистира на тоа дека Приштина треба да ги почитува постоечките договори, вклучително и обврските од Бриселскиот договор, што се однесуваат на формирањето на Заедницата на српските општини, пишува Политико.
Ново на Сител
-
Зеленски: Околу 40.000 руски војници се пренасочени од Украина во правец на Курск
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело