Нема повредени во сообраќајната несреќа кај делчевското село Очипала
По сообраќајната несреќа кај село Очипала каде комбе на Штипска Млекара се преврте, оспособена е едната коловозна лента и во сообраќај се пуштаат само патнички возила. Екипи на полициското одделение од општа надлженост Делчево велат дека по завршувањето на увидот ќе биде пуштена и втората сообраќајна коловозна лента, по што сообраќајот ќе биде нормализиран.
-Нема повредени во сообраќајната несреќа во која по превртувањето на комбито е причинетоа мала материјална штета без проблеми по возачот. Увидот ќе трае до 12:30 часот по што сообраќајот ќе биде целосно нормализиран, велат од делчевската полиција.
Од таму апелираат поради влажните коловози возачите да возат внимателно и да внимаваат особено на местата каде често се јавуваат одрони. Сообраќајот на патот од утрово во регионот на Пијанец се одвива по влажни коловози.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен