-->
-->
Нема да има протести - средношколците продолжуваат со бојкот на наставата
-->
Матурантите нема да протестираат, но ќе продолжат да ја бојкотираат наставата. Ваква одлука денеска донесе Генералното собрание на Сојузот на средношколци.
Претходно денеска тие се сретнаа со пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. По средбата, претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи побара поддршка од сите народни избраници за барањата наместо четири да полагаат два предмети.
Министерката Царовска неколку пати досега посочуваше дека измена на моделот за државна матура не може да има среде учебна година. Најави дека тоа е можно за од идната, а полаѓањето на државата матура е клучно за матурантите да се запишат на факултет.
Царовска постојано повторува дека 14.000 матуранти пријавиле оти ќе полагаат матура, но тоа е законска обврска. Доколку еден средношколец не пријави навреме, ќе треба да чека до следната година за да може да полага.
Матурантите наставата ја бојкотираат од почетокот на второто полугодие.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?