Неколкучасовниот дожд поплави дел од тетовските улици и тротоари
Неколкучасовните врнежи од дожд значително ги наполнија со вода одредени тротоари и улици во Тетово каде е редовна оваа појава откако ќе има подолотрајни временски неприлики. Дождот започна после 14 часот и траеше скоро до 17 часот.
-На кружниот тек на булеварите Маршал Тито и Благоја Тоска кај пазарот, како и при секој поинтензивен дожд поради неодлевање во атмосферска канализација водата опасност за возилата и препрака за нормално движење на пешаците, реагираат жителите на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од состојбата.
Слични вакви места во Тетово се повеќе, па така вода се собира на уште едно место на булеварот Благоја Тоска кај касарната, улицата 29 Ноември, во Горна Чаршија, околу спортскиот центар и Автобуската станица и други пред се помали улици.
Во Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ велат дека постојано кога има малку повеќе дожд добиваат барања да се интервернира на атмосферската канализација.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“