Неколку скопски населби и села утре без струја
Дел од корисниците од селата Долно и Горно Лисиче, како и населбите Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром, утре од 4 до 6 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Сердарот“, „Партизански пат“, „Јустинијан Први“ и „Солунска Глава“, во општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот и од улиците „Нов Живот“, „Дринска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари и од село Долна Арнакија.
Во периодот од 9:30 до 12 часот, струја ќе немаат и корисниците со непарни броеви од улицата „Мраморец“ во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски