Неколку кривични пријави досега против Бекир Асани но ниту една процесуирана до крај
Според информации кои го пренесе порталот Нова во релација со иострагата која ја отвори ОЈО за полицајката и пајакот во досието на Бекир Асани веќе има неколку кривични пријави, но ниту една не е процесуирана до крај.
Пред речиси 10 години, за Асани има кривична пријава од новинарот на тогашната А1 телевизија Лирим Дулови, кој беше удрен од Асани пред сведоци во Собранието, а настанот беше и снимен.
Дулови за НОВА изјави дека поднел пријава до јавното обвинителство, но тоа се прогласило за ненадлежно. Потоа поднел и приватна тужба. Предметот застарел, а Дулови не добил ниту покана да даде исказ.
Против Асани беше поднесена и кривична пријава од претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров кој директно го посочи дека го претепал по осветувањето на крстот во Бутел. И за овој инцидент имаше сведоци, но пресуда се уште нема.
Асани се спомнуваше во дел од разговорите каде функционери на ДУИ договараат дали, кога и како да урнат објект во Чаир изграден на „диво“.
Асани во 2008 година беше и ранет во Чаир на гласачко место во ОУ „Даме Груев“, во инцидент со полицијата.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?