Некаде нема овошје и зеленчук, а некаде е по стара цена - Како се спроведува замрзнувањето?
Поевтини овошјето и зеленчукот во дел од маркетите. Во некои, го снема...рафтовите останаа празни. На пазарите пак, цените – непроменети. Владината одлука 11 видови овошје и зеленчук до крајот на месецот да се продаваат по замрзнити цени, од денеска стапи на сила. Но, пазарџиите незадоволни – велат дека немаат есап да продаваат по тројно пониски цени од набавните. Заработката им е 20,30 денари од килограм и ако ја почитуваат владината мерка – ќе треба да затворат. Затоа наместо 70, килограм домати пазарџиите го продаваа од 150 до 200 денари. Гравот, иако ограничен на 75 чинеше 300, пиперките неместо 90 -200 денари.
Граѓаните незадоволни. Прашуваат како може маркетите да ги почитуваат одлуките, а на пазарите цените да останат исти.
Пазарниот инспекторат на терен. Денеска ги проверуваат маркетите, а за контрола на пазарите ќе треба дополнително да се одлучува. Се чекаат насоки од Владата. Можно ли е маркетите да останат без овошје и зеленчук. Од Пазарна велат дека тие се надлежни само да проверат дали се замрзнати цените, а ако сака Владата, може да ја дополни одлуката и да ги обврзе трговците да мора, како и до сега, да продаваат овошје и зеленчук.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар