Нејзините ќерки до смрт го избодеа таткото - мафијаш: Мајката на трите Русинки објави шокантни фотографии од злоставувањето
Мајката на трите сестри од Русија кои на смрт го избодеа таткото, Аурелија Дундук, тврди дека нејзиниот поранешен маж ги злоставувал нејзините ќерки и им се заканувал дека ќе ги убие ако се обидат да контактираат со неа.
„Рече повеќе пати дека ќе убие секој кој би бил во контакт со мене“, вели таа.
Аурелија во локалните медиуми достави фотографии на кои се гледаат модрици и крваво лице на една од сестрите која таткото ја претепал. Како што рекла, во времето кога ова се случило, таа не знаела низ што и минуваат ќерките зошто не сакале ништо да и кажат, а се верува дека тие и ги дале фотографиите во текот на судското сослушување, кога истражителите и дозволиле да седи покрај нив.
„Јас дури тогаш дознав што се случувало дома. Дури тогаш разбрав за претепувањето и насилството“, рече мајката на тинеџерките.
Аурелија тврди дека станот во кој живееле девојките бил полно со оружје, што потврдила и полицијата. По убиството, на местото на злосторството е пронајдено поголемо количество оружје и муниција. Во ѕидовите од станот се пронајдени дупки од куршуми. Наводно насилниот татко знаел и да запука во правец на своите ќерки.
Во медиумите се појави и снимка од надзорните камери во зградата во која живеело семејствоот, а за која се наведува дека настанала непосредно по убиството. на него се гледа едната од сестрите.
Сестрите тврдат дека таткото со години сексуално ги злоставувал и ги третирал како робови.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат