Македонија
29. May 2018 - 16:22

Неизвесно кога ќе се случи разговорот Заев- Ципрас, Иванов бара детали за договореното

Од Владата не сакаат да коментираат кога точно би се случил телефонскиот разговор мегу Заев и Ципрас, на кој двајцата премиери би требало да се изјаснат за начелниот догвор, усогласен мегу министрите за надворешни работи на двете земји. Велат дека кабинетите се постојана комуникација но кога Заев и Ципрас ќе го имаат клучниот разговор ќе се знае во наредниот период.

Премиерот Заев во моментов е во официјална посета на Малта, па очекувањата се дека разговорите со Ципрас би се случиле по неговорот враќање најрано утре. По тлефонскиот разговор се очекува и финалната средба која би требало да се случи во Преспа.

Најавата за разговори Заев-Ципрас доаѓа откако вчера шефовите ан дипломатиите ан двете земји изјавија дека е постигната рамка за договор за името. Потенцираа дека нивната работа е целосно завршена.

По ова, кабинетот на претседателот Иванов побара детализ а договореното. Тврдат дека не знаат штпо е договорено на последните средби.

-  До Кабинетот на Претседателот нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи во Брисел и во Њујорк, наведуваат од кабинетот на Иванов.

Во сопштението се вели дека до  Иванов не бил доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија.