Неговите врсници имале бурен ноќен живот додека Дејан со своите раце изградил мала фарма
Додека голем дел од неговите врсници забавата ја бараат во кафичите и дискотеките, 20-годишниот Дејан Митриќ со своите вредни раце изградил мала фарма во селото Чулиќ општина Шипово, а планира и да ја прошири.
Ова вредно момче, по завршувањето на средното образование, се вратил во Шипово на имотот на неговиот дедо и тука одлучил да живее, а поради љубовта кон селото, ништо не му фали и ништо не му е тешко, па така станува секое утро во 5 за да ги нахрани животните и да спреми околу 50 литри млеко за млекарите.
Според зборовите на неговите родители, уште од мали нозе малиот Дејан го сакал животот на село и покажувал желба за работа со животни, па почетокот на образованието и заминувањето во град го погодило многу.
-Од кога знам за себе цело време одев со дедоми и работев што можев, ништо не ми претставуваше проблем. Како растев купував разни животни, а кога дојде време да одам во град, бев многу тажен, раскажува Дејан.
Како растел неговата љубов кон животните била се поголема, а веќе во основното училиште знаел дека повторно ќе се врати на село и ќе се посвети на сточарството.
-Никогаш не го сакав градот, едвај чекав да дојде викенд, зимски или летен распуст да одам во село. Понекогаш и сам се прашувам дали е нормлано сите мои врсници да излегуваат во кафичи и дискотеки додека јас незнам сеуште како тие изгледаат. Но таа желба за мене е поголема од се, и среќен сум што мојот дедо ми го овозможил тоа, раскажува Дејан.
Веднаш после матурата и завршувањето на средното училиште тој заминал да живее со својот дедо и вредно почнал да работи на градење на својата фарма.
-Во град искрено не планирам да се вратам. Некои ми велат дека тука никогаш нема да се оженам, но имам своја цел па макар и да сум сам. Девојката која ќе ме сака ќе ме сака и тука во село.
Неговата мајка Милена вели дека уште како мал сакал физичка работа и сакал да живее во село.
-Имаше необична голема желба да работи во село, а сега потполно работи сам. Понекогаш нешто му помагам, одам да му направам нешто за јадење или да исчистам, но воглавно тој сам се прави и чисти и готви и работи, вели неговата мајка која заедно со нејзиниот сопруг живее во Шипово.
Според нејзините зборови не и било лесно кога се одлучил да се осамостои и да замине во село, но како поминувало времето ја профатиле неговата одлука.
-Не ми беше сеедно кога замина во село, но кога ќе видам какви времиња доаѓаат, како младите денес живеат, што се се случува, среќна сум на некој начин што го одбра селото и здравиот и нормален живот, вели таа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица