Македонија
26. August 2020 - 12:37

Нефи Усеини и неговиот брат приведени и спроведени во притвор

Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини се приведени и спроведени во осум дневен притвор, поради нападот на нивниот сограѓанин, Спире Топалоски, дознава „А1он“. Полицијата не можеше да ги пронајде изминативе шест дена, а неофицијално, сега сами се пријавиле во полициска станица.

На нив, судот им ја изрече оваа мерка поради можноста за повторување на делото, влијание на сведоци и бегство.

Двајцата се сомничат дека сториле кривично дело насилство и недосволено држење оружје.