Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите.
- Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата, СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно, вели Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.
Посочува дека основната плата без додатоци во основното образование е околу 33.500 денари, а во средно 34.600 денари.
- Тоа се основните плати кои се релативно ниски во однос на другите плати и во регионот, а и во однос на други дејности на некои други дејности кои отстапуваат од дејноста образование, така што сметаме дека како важна гранка во општеството вработените во образованието треба многу многу повеќе да имаат плати, вели Неделков.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат