Балкан
12. March 2018 - 14:26

Небојша добил отказ од работа, па влегол во фирмата и почнал да пука

Поранешен вработен влегол во една софтвер фирма во Белград и почнал да пука при што настрадало едно лице, а две се повредени. Напаѓачот подоцна се обидел да се самоубие во својот стан со бомба.

Локалните медиуми јавија дека инцидентот се случил во улицата Рузвелтова во Белград откако напаѓачот, идентификуван во српските медиуми како Небојша С., добил отказ од работа.

- Прво примивме повик за Рузвелтова, а после неколку минути и дека лицето скокнало од прозор во улицата Никодин Милаш, што е во близина, изјави Нада Мацура, портпаролка на Брзата помош, додавајќи дека на лице место се испратени три екипи на Брза Помош.

Небојша убил еден вработен во фирмата, тешко ранил уште еден, а еден поранешен колега тешко повредил скокајќи од прозорецот за да го избегне нападот. Потоа, тој отишол во својот стан, каде си пукал во главата и активирал експлозивна направа. Полициските единици интервенирале и го однеле на реанимација.