-->
-->
Не застанал на полициски знак, па удрил во „БМВ“ - приведен криумчар на мигранти
-->
Полициски службеници од Полициска станица Богородица на 22.05.2022 во 13.30 часот на автопат А1 во правец Смоквица-Демир Капија го лишиле од слобода И.Б.(26) од Скопје, кој во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица- мигранти од Сирија и Авганистан.
„И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови“ со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар“, информира МВР.
Известен е јавен обвинител. И.Б. е задржан во Полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б,ст.2 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата
-
Гаши: Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене
-
Инцидент во Кичево и препишување на вториот испит од државната матура
-
Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет
-
Пред стартот на жетвата на пченица земјоделците бараат утврдување на производна и откупна цена
-
Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата
-
Преглед на вести од светот