Не се откажале: На таткото му рекле да го подготви погребот на новородената ќерка, но таа сега го прослави и 9. роденден
Виторија Маркиоли се родила со редок Тричер Колинс синдром, односно со тежок деформитет на очите, устата и носот.
Лекарите на нејзините родители им рекоа дека нивната ќерка ќе живее само неколку часа и поради тоа одбиле и да ја хранат по раѓањето.
Само им рекле да си одат дома и да чекаат да им умре бебето.
Виторија која е од Бразил, била на осум операции за шест години, а оперирана е и во Тексас.
Таа денеска има 9 години и лекарите велат дека е жива само поради грижата и неизмерната љубов од родителите.
Девојчето има редок синдром поради кој коските на лицето не и се развиле нормално.
-Не можат да објаснат како ќерката уште ни е жива, но веруваат дека тоа е поради нашата љубов и грижа, вели таткото на девојчето Роналдо (39) и додава дека ќе направи се што е во негова моќ за да и овозможи најдобри услови за живот на ќерката.
Тричер Колинс синдромот се случува кај еден од 50.000 раѓања.
Кога била стара само два дена префрлена е во посебна единица, а недела дена потоа пуштена е на домашна нега.
-Незнам уште колку ќе живее, не очекувавме дека ќе го доживее 9. роденден, но благодарни сме на секој момент со неа, вели мајката на девојчето Жоклин (42).
Таа и сопругот имаат уште две ќерките. Сите заедно внимаваат на Виториа.
На секои три часа мора да се храни преку цевче и притоа внимаваат да не се загуши или повреди.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа