Бизнис
26. September 2018 - 16:52

НБРМ реагира - нема никаква потреба за дебата за девалвација на денарот

Не постојат причини, ниту потреба за отворање дебата за евентуална девалвација на денарот, одговара НБРМ на тврдењата на дел од странските инвеститори дека во случај на неуспех на рефрндумот домашната валута ќе ја загуби врендоста.

- Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи коишто би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво, се вели во соопштението од НБРМ.

За вицепремиерот за европски прашања пак ситуацијхата со референдумот е црно-бела. Според него, одлуката на 30. Септември ќе биде драматично позитивна или драматично негативна за бизнисот.

- Одлуката што ќе ја донесеме ќе биде драматично позитивна ако референдумот е успешен зашто членството во НАТО значи политичка стабилност и предвидливост, а членството во ЕУ пазар од 500 милиони со најголем дел од БДП во светот. Драматично негативна, пак, ќе биде ако, хипотетички, референдумот на успее зашто ќе следува непредвидлвост, повлекување на странските инвестиции, немање храброст за домашни вложувања што ќе се рефлектира врз економскиот развој и џебот на граѓаните, истакна Османи.

Стопанската комора на северозападна Македонија е „ЗА“ референдумот бидејќи, како што велат оттаму, придобивките ќе бидат големи и за нас и за земјите од регионот.

- Секоја стабилност и сигурност на државата значи перспектива за бизнискот. Членството во ЕУ и НАТО од овој аспект е многу важно, рече претседателот на комората, Неби Хоџа.

Компаниите очекуваат позитивен исход на референдумот, а по гласањето очекуваат Владата да ја интензивира соработката со коморите за подобрување на бизнис амбиентот.