НБРМ објави информативно-едукативен текст за полимерните банкноти
Народната банка на Република Македонија денеска на својата веб-страница, на официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ и на официјалната страница на социјалната мрежа „Твитер“ објави нов информативно-едукативен текст во кој се презентирани одговорите на повеќе важни прашања на граѓаните во врска со влегувањето во оптек на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.
Презентираните информации, првенствено се однесуваат на замената на книжните банкноти во истата апоенска вредност, кои од 15 мај годинава, веќе нема да бидат законско средство за плаќање.
Народната банка, најавува дека и во следниот период, на својата веб-страница и на институционалните официјални страници на социјалните мрежи ќе објавува важни информации со цел, точна и навремена информираност на јавноста.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис