Бизнис
1. November 2018 - 19:44

НБРМ ги спушти проекциите за раст на БДП на од 3,2% на 2,3%

Народната банка ја намали  стапката на раст на БДП на 2,3 проценти од првично проектираните  3,2 отсто.  

Причина за ревидирањето е слабата реализација на капиталните проекти од страна на државата.

Иако политичката криза  полека се надминува од банката потенцираат дека и натаму клучен ризик за домашната економија остануваат капиталните инвестиции.

За гувернерката Бежовска јавниот долг во третиот квартал годинава од 48,2 проценти засега не претстваува закана за домашната економија. Но во слендиот период треба да се внимава на одржливоста.

Народната банка ја намали и стапката на инфлацијата од 2 на 1,6 проценти, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,1 процент. Споре проекциите на  банката во слендиот период  економијата ќе се опоравува.

Главно ќе биде придвижувана од личната потрошувачка и кредитирањето кое  во следниот период се очекува да продолжи да расте. Проекциите се дека во 2021 година растото ќе достигне 4 проценти.