Кошарка
22. December 2015 - 8:52

НБА лига: Победи за Оклахома Сити и Сан Антонио

Со кошот на Кевин Дјутант на 5.8 секунди до крајот на натпреварот Оклахома Сити оствари важна победа на гостувањето кај ЛА Клиперс од 100:99. Дјурант дуелот го заврши со 24 поени, додека најефикасен беше Расел Вестбрук со 33. Еден поен помалку (32) постигна Крис Пол од ЛА Клиперс.

Победа на домашен терен постигна Сан Антонио совладувајќи ја Индијана, па така „мамузите“ заедно со првакот Голден Стејт се единствените два тима без пораз дома. Сан Антонио има 16 победи, а Голден Стејт 12.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Ла Клиперс - Оклахома Сити 99:100,
Сан Антонио - Индијана 106:92,
Вашингтон - Сакраменто 113:99,
Бостон - Минесота 113:99,
Њујорк - Орландо 99:107,
Атланта - Портланд 106:97,
Чикаго - Бруклин 102:105,
Хјустон - Шарлот 102:95,
Јута - Феникс 110:89.
Вечерва се играат четири натпревари.