-->
-->
НБА: Кливленд поведе со 3-0 против Торонто
-->
Во драматичен натпревар на кој решаваа секундите Кливленд славеше со 3-0 против Торонто откако го доби првиот меч на свој терен со 105-103. Мечот го реши Леброн Џејмс во последната секунда од мечот откако претходно Репторски
израмнија преку дебитантот О Џи Ануноби со тројка на осум секунди пред крајот.
Кралот Џејмс постигна вкупно 38 поени и доминираше заедно со Кевин Лав кој оствари 21 поени и 16 скока додека кај Торонто се истакна Кајл Лаури со 27 поени.
Четвртиот натпревар е во понеделник, и Торонто е пред силен предизвик – од 129 тимови во НБА историјата кои губеле со 3:0, ниту еден не успеал да се врати за победа.
До убедлива 3:0 предност стигнаа и Бостон селтикс, кои во „Велс Фарго центарот“ со 101:98 го совладаа тимот на Филаделфија Сиксерс за да се доближат до финалето на Истокот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители
-
Поддршка за проекти на 47 компании со првата транша од 10,4 милиони евра од унгарскиот заем
-
Лидерите на ЕУ се согласија за зајакнување на европската одбрана, но не и за поддршката на Украина
-
Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви за биткоин
-
Студентите во блокада во Србија ги повикуваат граѓаните денеска на генерален штрајк
-
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло