Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви за биткоин
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви на биткоин, јавија американските медиуми, повикувајќи се на советникот за криптовалути во Белата куќа, Дејвид Сакс.
– Резервата ќе биде капитализирана со биткоини што ги држи федералната влада откако ќе биде запленета во кривична или граѓанска постапка, рече Сакс.
Претходно оваа недела, Трамп ги објави имињата на пет дигитални валути за кои рече дека ќе ги вклучи во резервата. Петте дигитални валути се – Bitcoin, Ether, XRP, Solana и Cardano.
Според Сакс, резервите на Биткоин ќе бидат еден вид „дигитален Форт Нокс“.
Кога станува збор за криптовалутите, САД веќе имаат околу 200.000 биткоини, според Сакс. Ова претставува околу 17,5 милијарди долари.
По информацијата за резервата, курсот на Биткоин падна за 5,7 отсто, бидејќи пазарите беа фигуративно разочарани што не се предвидуваше владино купување на криптовалути за резервни цели. Биткоинот денеска падна на 84.707 долари.
Создавањето на резерва се уште претставува силна порака до индустријата за криптовалути и дава дополнителен кредибилитет на ова редовно критикувано средство, наведуваат американските медиуми.
Според извршната наредба на Трамп, министерот за финансии и министерот за трговија ќе можат да понудат купување дополнителни биткоини, но тие нема да станат дел од резервите. Извршната наредба на претседателот ја нагласува посветеноста на Трамп да ги направи САД главен град на криптовалутите во светот, вели Сакс.
Ново на Сител
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга