-->
-->
НБА: 40 поени на Новицки
-->
Далас го победи Портланд со 132:120, по едно продолжение, во најнеисвесниот натпревар, кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата. Блескаше на овој меч Германецот Дирк Новицки, тој постигна 40 поени.
Портланд, во регуларниот дел од мечот имаше шут за победа, кој не го реализираше Демијан Лилард. Во продолжението Далас преку Новицки и Дерон Вилијамс во првите три минути стигна до предност од 11 поени со кои го реши победникот.
Ветеранот Новоцки блескаше со сезонски рекорд од 40 поени, додека Вилијамс мечот го заврши со 31 поен и 16 асистенции.
Портланд го предводеа лилард со 26, Ален Крејб со 24 и Си Џеј Меколум со 22 поени.
Далас со оваа победа стигна до скор 35-35 колку што има и Хјустон, додека Портланд има победа повеќе. Овие три тима, заедно со Јута која има скор 34 победи и 36 порази, до крајот на сезоната ќе се борба за пласман од шестото до осмото место на Западот.
Резултати: Торонто-Орландо 105:100, Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 109:105, Филаделфија-Бостон 105:120, Милвоки-Јута 85:94, Њујорк-Сакраменто 80:88.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници