Македонија
17. October 2019 - 16:25

Наум Стоилковски: Заев ја злоупотребува моќта и позицијата за богатење

Зоран Заев и СДСМ среде трагедијата со отворање на македонската интеграција за почеток на преговори во ЕУ, туркаат закон за дроги, туркаат закон и се грижат за закон за богатење на личните семејни бизниси на кланот Заеви. За Зоран Заев поважен е Законот за дроги за да спечалат семејните фирми во Свети Николе, Карбинци и во Валандово, отколку македонските евроинтеграциите. Уште повеќе, се злоупотребува европското знаменце за тоа. Демек законот е европски, а нема ниту еден наведен референтен европски закон на кој што би се повикувал овој закон.

Зоран Заев, се сретна со Биг Мајк, таканаречениот крал на марихуаната, по која што средба тој објави дека Македонија ќе се претворела во суперсила на марихуаната. И по таа средба Заев изготви закон со кој што има личен интерес, кон лично богатење, и тоа со европско знаме го достави пред пратениците.

Какво лицемерие, каква злоупотреба на политичката моќ, на позицијата, на политичката функција, каква корупција!

Ова е доказ дека Заев, бизнисменот кој што нема ништо наведено на свое име во анкетниот лист, ја злоупотребува моќта и позицијата за насочување на економските текови на државата во насока на само и само богатење на своите бизниси. Ова е чист случај на корупција и злоупотреба на позиција. Прво неговите компании, неговите семејни бизниси добиваат лиценца за фарми за марихуана, а сега се предлага закон за извоз на непреработена марихуана, за цвет од марихуана.

Згора на тоа, среде одлучувањето за македонските интеграции, Заев предлага закон што ќе ја претвори Македонија во земја извозник на дрога, на цвет од канабис, непреработен во медицинско масло, со што отвора можност сите нарко – картели од регионот да се обидат преку Македонија да изнесуваат дрога во светот.

Зоран Заев е само пример како картелот на власт, октоподот, ја злоупотребуваат власта за лични богатења. Политичките функции се злоупотребуваат за лични богатења на семејните бизниси.

Затоа бараме сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, акционери или косопственици на одредени компании, нив суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за насочување на економските текови во државата кон лични цели.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во семејните компании или пак компаниите каде што имаат удел политичарите и јавните функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.

Изјава за медиумите на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ