Научник од НАСА: Ќе откриеме докази за живот на Марс
НАСА наскоро ќе открие докази за живот на Марс, но човештвото сѐ уште не е подготвено да го прифати тоа, смета д-р Џим Грин, научник од американската вселенска агенција.
Во март 2021 е предвидено на Црвената Планета да бидат испратени два ровера – еден на НАСА и еден на Европската вселенска агенција ЕСА. Една од главните задачи на тие две мисии е потрага по живи организми на површината на планетата.
– Тоа ќе предизвика целосно нов начин на размислување. Мислам дека не сме подготвени да ги прифатиме резултатите од сѐ тоа. И, тоа ме загрижува, зашто сметам дека сме многу блиску до објавувањето дека на Марс има живот, изјави д-р Грин.
– Нема зошто да се сомневаме дека нема други цивилизации низ Вселената, зашто постојано откриваме егзопланети погодни за појава на живот. Насекаде!, додава научникот.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети