-->
-->
НАТО свика вонредно онлајн заседание на министрите за надворешни работи од пактот
-->
– Министрите за надворешни работи на НАТО ќе oдржат вонредна седница на 7 јануари, соопшти денеска алијансата. Средбата ќе биде онлајн и се очекува да трае околу два часа, се вели во соопштението. Учесниците ќе разговараат за трупањето воени сили од страна на Русија долж границата со Украина. Во разговорот ќе бидат опфатени и други прашања поврзани со европската безбедност.
За следната недела е закажан состанок на Советот НАТО-Русија, првпат по неколку години откако состаноците во тој формат беа прекинати. Претстојниот состанок на министрите за надворешни работи е прв во новата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
