Настап на младиот пијанист Арда Мустафаоглу во Италија

Со концерт во аудиториумот „Claudio Monteverdi" во Мантова вчера, младиот пијанист Арда Мустафаоглу ги заокружи концертните настапи во Италија и Германија.
Настапот во Италија е во рамките на седумнаесеттото „Музичко лето“ организрано од музичкиот конзерваториум „Lucio Campiani", на кој традиционално учествуваат сите победници од овогодинешните музички натпревари во Италија. Своето учество на оваа манифестација Арда го обезбеди со победата на престжниот пијанистички натпревар "Antonio Salieri" во Април годинава.
Од 13. до 21. Август, Арда Мустафаоглу имаше концертни настапи во германските градови Дурен и Ахен, како и во куќата на Шуман во Бон. Овие концерти се дел од наградата освоена на натпревар „Pianisti i ri" во Тирана.
До крајот на годинава Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички концерти и пред македонската публика.
Учеството на овие концертни настапи е помогнато од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите
-

Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време
-

Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
-

Оклахома поуспешна од Њу Орлеанс, Денвер загуби од Детроит
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија
-

Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
