Судиите утре избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници

Судиите утре на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 отсто од населението.
Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите.
На кандидатската листа Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали Саити (судија на Врховен суд) и Шпреса Граинца Османи (судија на Основен кривичен суд Скопје).
Претседател на Комисијата за спроведување на изборот, Судскиот совет го избра судијата Осман Шабани, од Апелациониот суд Скопје, а за негов заменик судијата од Основниот кривичен суд Скопје Илија Трпков.
Огласот за избор на член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението, Судскиот совет го објавен на 20 ноември 2025 година.
Изборот е на местот на судијата Ханиф Зендели, од Апелациониот суд Гостивар, чиј шестгодишен мандат истекува. Зендли за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението беше избран на 22 јануари 2020 година.
Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
