Македонија
29. July 2024 - 12:11

Настани и забави за сечиј вкус во Охрид

Бројните културни настани и манифестации ја прошируваат туристичката понуда во Охрид. Во екот на сезоната се нудат најразлични содржини буквално за сечиј вкус настани кои  се спој на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност, но и одраз и промоција на културата,настани кои обезбедуваат автентичност и уникатност во доживувањето.

Ваквите фестивали ги заживуваат и околните туристички населби долж езерото.

Охрид деновиве го живее шпицот на сезоната полн со гости ,туристичките работници сметаат дека настаните и забавите во градот го збогатуваат летото но посочуваат дека вакви фестивали треба да има во текот на целата година за продолжување на сезоната.